Програма за згрижување и нега на корисници кои можат да се грижат за себе односно корисници кои имаат одреден степен на независност. Поради ограничените способности овие лица се под секојдневна контрола од страна на персоналот на домот во однос на облекување, капење, конзумирање лекови третман со специјални диети и по потреба физикална терапија.
Сместувањето е во двокреветни соби или трокреветни соби, кревет, гардеробер и СОС аларм, составен од две нивоа. Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата и чајната кујна. Самиот објект поседува сопствена кујна, место за дневен престој опремен со ТВ применик како и купатила и бањи. Дворната површина која е наменета за гости за да им се овозможи комотност при самиот престој. Главниот акцент на работа во овој оддел е даден на богато осмислен социјален живот, со активности кои на нашите корисници ќе им го исполнат и разубават животот и ќе им овозможат активно стареење.
Во домот има вработени стручен персонал меѓу кои медицински сестри, негователки, готвач, масер, социјален работник. Домот ги нуди сите услуги кои се од посебна важност на корисникот. Во рамките на социјалните активности ќе се организираат: културни активности, рекреативни активности, активности за одредени настани, домашни активности. Одржување на физичката состојба и менталните функции кој низ различни креативни работилници и културни настани им го подобрува квалитетот на живеењето на корисниците.