ПУСЗ ‘’Сончев дом ТОДОРОВСКИ’’

Сончев Дом Тодоровски
Домот за нега на стари лица "Сончев Дом" сместен на падините на Водно во Општина Сопиште ви овозможува постојана грижа, активно стареење и достоинствено и квалитетно живеење на возрасните лица. Може да престојуваат, живеат и да бидат комплетно опслужени постари лица од различен профил. Посветениот тим грижливо се грижи за здравјето на лицето.

Згрижување
Право на сместување во установата за социјална заштита Сончев ДОМ Тодоровски, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установата за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита Во согласност со Законот за социјална заштита на Република Македонија , право на сместување во установата за социјална заштита, се обезбедува на старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради стамбената и семејната положба нема можност да му обезбеди заштита на друг начин.

Социјализација
Посебно внимание посветува на социјализацијата на сместените корисници.
Социјалниот работник согласно навиките, желбите и расположението на корисниците,
ќе спроведува најразлични групни активности, кои ќе ги анимираат корисниците на услуги.
Работата на социјалниот работник вклучува:
*задоволување на културни и верски потреби: посета на театар, цркви, џамии, изложби, кино;
*спортско-рекреативни активности: прошетки, излети;
*друштвени игри: шах, карти, домино, ,,Не лути се човече’’ и друго;
*ликовни активности: цртање, моделирање на пластелин, тесто;
*литературно-драмски активности: читање, рецитирање, пишување песни;
*активности заа одредени настани: декорирање на простор, организирање на роденденски забави

Физикална Терапија
Домот изведува вежби, вертикализација, раздвижување, разодување со разни помагала до самостојно проодување со комплетни вежби за зајакнување на мускулатурата, е само дел од она што ќе ви помогне да зајакнете и да ви се врати самодовербата. Третираме: спондилоза, спондилоартроза, дископатии, лумбоишијалгија, артроза на зглобови, остеопороза, ревматски заболувања, парези и парализи на нерви, скршеници на коски (замена на колкови) и слично.

24/7 Медицинска Нега
Дваесет и четири часовна медицинска нега и грижа, тим составен од искусни лекари, мед.сестри негователки како и физиотерапеут, кои се спремни во секое време да одговорат на вашите потреби и желби. За да нашите станари бидат комплетно здравствено згрижени ја спомнуваме и успешната соработка со специјалисти од сите дејности.
Признанија
Уметнички Посети
Награди
Со љубов кон Постарите